Комисијата за решавање на спорови на Светската трговска организација (СТО) пресуди во корист на Русија во случајот кој го покрена против Украина заради воведување антидампински мерки на увозниот амониум нитрат кој се користи како ѓубриво.
Русија во мај 2015. година поднесе тужба до СТО, наведувајќи дека таквите царини претсавуваат кршење на договорот на СТО за антидампинг, пренесува агенцијата Ројтерс.