дома Балкан Посетата во Србија во својство на министер за надворешни работи на Косово...

Посетата во Србија во својство на министер за надворешни работи на Косово на Пацоли пропадна. Угљанин ќе мора да го прими како обичен граѓанин

100
0
АКЦИЈА

Најавената посета на Беџет Пацоли во Нови Пазар не е одобрена. како што РТС неофицијално дознава, Белград пратил негативен одговор на тоа барање, бидејќи по привремената уставна рамка на УМНИК, Косово нема министерство за надворешни работи, па со самото тоа е завземен став дека договорот за посети на официјални лица не може да се примени во случајот на Пацоли.

Беџет Пацолиј во својство на министер за надворешни работи во Нови Пазар го повика Сулејман Угљанин, претседателот на Бошњачкиот национален собир.

Медиумите пренесуваат дека Пацоли би можел денаска да престојува во Нови Пазар, но единствено во приватна посета и во својство на обичен граѓанин.

БНВ, спрема информациите на Танјуг, закажале свечен прием за попладнево во своите простории, а потоа трибина во зградата на Скупштината на општината Нови Пазар, наљ која би требало да присуствува и Пацоли.

Неофицијално, во Нови Пазар веќе престојува заменик офицерот за врска на Приштина во Белград.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here