дома Балкан Меѓугорје од недела и официјално под закрила на Ватикан

Меѓугорје од недела и официјално под закрила на Ватикан

493
0
АКЦИЈА

Бившиот полски надбискуп Хенрик Хосер, кој папата Францис го именуваше за апослтолски визитатор за Меѓугорје, во недела ќе ја одржи првата миса во тоа место во Херцеговина, со што ќе биде официјализирано дека Ватикан под своја закрила го става ова свето место за католиците бидејќи веруваат дека тука се покажала Богородица.

Сараевскиот портал klix.ba неведува дека Хосеровата главна задача е подобрување на работата на свештениците со поклониците и дека неговите овластувања се многу широки па веројатно ќе влијае и на кадровските прашања, за кои до сега беше меродавен исклучиво месниот бискуп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here