дома Македонија ,,Барај ме од понеделник, после референдумот…“, Ружин незадоволен од власта ја врати...

,,Барај ме од понеделник, после референдумот…“, Ружин незадоволен од власта ја врати профилната од Шарената…

470
0
АКЦИЈА

Александар Ружин, член на ЛДП, граѓански активист и син на познатиот професор и дипломат, Нано Ружин, деновиве на својот ФБ профил искажува револт заради неисполнети ветување и статусот на многумина, по преземањето на власта од страна на СДСМ.

,,Барај ме од понеделник. Да поминат празници. После први. После референдумот. После претседателски избори. И оп, пола мандат помина“-пишува Ружин.

Тој беше дел од Шарената револуција и до неодамна на профилната на ФБ имаше фотографија со Зоран Заев, но, сега, повика да се сменат профилните фотографии со оние од времето на протестите:

,,Другари и другарки, во знак на револт, неисполнување на нашите барања и неостварување на ветувањата кон нас, предлагам профилните и насловните да ги вратиме од времето на отпорот и на револуцијата. Многумина “наградени и привилегирани” од страна на новата власт, воопшто немаат такви фотографии во нивните компјутери и телефони, затоа што не се појавиле на ниту еден сенароден собир, протестен марш или пак воошто учествувале на било кој настан организиран против власта на Никола Груевски. На тој начин ќе ги препознаеме и уште еднаш јавно поздравиме вистинските заборавени борци за слободна, европска и демократска Македонија. Борбата продолжува, нема тука да застанеме“-пишува Ружин, инаку член на Централен одбор на ЛДП.

Тој им порача на неговите другари кои добиле работни места и функции, да помислат како им е на оние што седат дома. Укажува дека многумина размислуваат за бугарски пасоши и бегање од Македонија:

,,Читам едни кои се задоволни и кои се фалат секојдневно на социјалните мрежи околу личните успеси, кои ги постигнале преку функциите што ги добиле од новата власт. Многумина од нив ми се добри пријатели и во приватниот живот и мило ми е што се среќни. Но другари, не заборавајте како се чувствуваат и оние од другата страна, кои се незадоволни и разочарани затоа што им било ветувано, а сѐ уште ништо не добиле! Седат дома и се нервираат. Деновите им се долги, за одмор сигурно немаат. Масовно размислуваат околу бугарски пасоши. Им се потсмеваат вмровци, па во помалите места и на улица не излегуваат. Е, мене и тие ми се пријатели, пијам кафе и со нив и ги слушам нивните маки. Меѓу нив, искрен да бидам, има многу поголеми борци и од некои од вас – наградените! Луѓе кои во буквална смисла 11 години рушеа режим. И не само со пенкало и на Фејсбук, туку и на улица. И без пари. И без било каков надомест. Од чиста идеологија. Од пуста желба за демократска држава. Сите заедно предводени од вас политичарите, го симнавме Грујо. Ни вие не можевте без нас, ни ние без вас. Долгот треба да се подмири другари. Крајно време е. Во спротивно, колку повеќе едните се фалат, толку другите се пофрустрирани и повредени. И ги губите. Полека, но сигурно, ќе го дочекате нивното “Auf Wiedersehen”….“-пишува Александар Ружин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here