дома Вести „Слободен печат“ на Героски си лапна 10 милиони денари од државата –...

„Слободен печат“ на Героски си лапна 10 милиони денари од државата – набавката на печатница прикажана како иновација

475
0
АКЦИЈА


Весникот Слободен Печат каде што главен уредник е Бранко Героски доби грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации на Република Македонја. Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб.

Во документот кој го објави Фондот за иновации, стои дека овој провладин весник парите ги добил за набавка на печатарска машина и производна хала.

Фондот за иновации е институција која финансира иновации од страна на македонски иноватори, по што се поставува прашањето како тоа набавка на печатница може да биде прикажана како иновација?

Ова не е прва прилика медиуми и компании во кои работат провладини перјаници да добиваат пари од државата, претходно, компанија на Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска доби 90.о00 евра од Агеницјата за филм, а компанија во која е ангажиран Сашо Орданоски доби 125.000 евра од истата институција.

Главниот уредник на Слободен Печат Бранко Героски во неговите колумни беше прилично критичен во однос на промената на уставното име на Република Македонија, но, непосредно пред добивањето на овие државни пари тој ги омекна своите ставови за ова прашање.

Инаку петокот во Македонската филхармонија, добитниците на грантови од Фондот за иновации и технолошки развој се сликаа со премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорот Деспотовски. Таму не беа присутни луѓе од Слободен Печат.

Лидер.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here