Амбасадата на Русија му одговори на Заев: Русофобијата станува алатка на Владата на Македонија
Изјавата на Зоран Заев ја сметаме за политички неодговорна, се вели во реакцијата на Твитер на Амбасадата на Русија во Македонија по денешната изјава на македонскиот премиер дека Русија плаќала за насилни протести во Македонија.
„Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сѐ повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, се вели во реакцијата на руската амбасада во Македонија.