дома Вести Заев: „Комити“ во станица рекле дека руски бизнисмени давале пари, немале ништо...

Заев: „Комити“ во станица рекле дека руски бизнисмени давале пари, немале ништо против договорот

496
0
АКЦИЈА

„Тие млади момчиња од „Комити“, кога нападнаа полицајци беа повикани во полицијата на разговор. Па споменуваа бизнисмени од Русија давале пари, заради тоа они се тука, немаат ништо против, или слично. Јас, само уште еднаш ќе потврдам, Македонија е мала земја, сака да гради пријателство со сите, вклучително и со Руската Федерација. Знаејќи го тоа целото, мораме само уште еднаш да потврдиме. Нема алтернатива за Македонија, освен полноправното членство во ЕУ и Нато“. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев претходно, за американскиот веб-сајт BuzzFeed News изјавил дека „Неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонците суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство“ пред клучниот референдум што ќе се одржи подоцна годинава, на кој ќе се утврди дали балканската држава ќе може да му се приклучи на воениот сојуз“.

24.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here