Денеска во црквата Св. Архангел Михаил во Скопје во организација на српската амбасада во Р. Македонија беше организирано полагање венци во чест на српкиот празник Видовден.
Српската национална заедница во Македонија на скормен начин со оддавање на почит го одбележа празникот.
Од српските организации и политички партии во Р. Македонија присутни беа: Српската напредна странка во Македонија, Демократската партија на Србите во Македонија и Српската странка во Македонија, а од не политичките организации учество со полагање на венци зедоа Обединетата српска заедница,невладината организација Српски божур, Српско македоснкото друштво Бранко Чајка од Тетотво, Колото на српски сестри, Друштвото за заштита на српските споменици во Р. Македонија и Српската задница.
Во црквата свештенството на парастосот им се обрати на присутните на нивниот мајчин јазик, односно на српскиот јазик. Присутните со нескриени емоции го прифатија тоа обраќање на нивниот јазик.
Амбасадорот на Р. Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ во криптата на црквата Св. Архангел Михаил имаше и кратко обраќање до присутните. Таа истакна дека не само за Видовден или други позначајни празници, Србите во Македонија треба да се собираат и да ја посетуваат оваа црква која ги чува коските на храбрите српски војници почесто, па и да ги носат своите пријатели и гости покажувајќи им го ова битно и значајно место за Србите во Македонија.
Ова полагање на венци се одржува секоја година во црквата Св. Архангел Михаил и веќе е прераснато во традиција која се однесува на српската национална заедница во Р. Македонија.