дома Балкан Неизвесниот и животот под тежок притисок на Србите на КиМ: Рането 21...

Неизвесниот и животот под тежок притисок на Србите на КиМ: Рането 21 годишно момче од огнено оружје

577
0
АКЦИЈА

Во мешовитата населба Сув Дол, во северниот дел на Косовска Митровица рането од огнено оружје е момче од српска националност J.A. (21),кога на него, спрема сведочењето на повреденото момче, од автомобил во движење пукале непознати особи.

Момчето во понеделникот вечерта се здобило со прострелна рана во пределот на потколеницата, најверојатно со истрел од пиштол и префрлен е во болницата во Северна Митровица. Тој е вон животна опасност.

Заменикот на регионалниот командир на Косовската Полиција Бесим Хоти рече за порталот Коссев дека момчето раскажало дека одело пешки кога на него е пукано од возило во движење во кое, како што рекол, се наоѓале две лица.

„Тој самиот го пријавил случајот во полицијата, со обзир на тоа дека бил во свесна состојба“, рече Хоти и додаде дека истрагата е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here