дома Свет Асад одсечно: Во обновата на Сирија нема да учествуваат западни инвеститори

Асад одсечно: Во обновата на Сирија нема да учествуваат западни инвеститори

452
0
АКЦИЈА

Сирискиот претседател Башар Ел-Асад вели дека таа земја нема да им дозволи на западните инвеститори да учествуваат во обнова на таа од војна разорена земја бидејќи тие, како тврди, само доаѓаат како би искористувале туѓи еконимии.

Во интервјуто за руската телевизија НТВ, Асад рече дека наместо западни инвеститори, ќе побара помош од пријателите.

„Тие (Западот) нема да бидат дел од реконструкцијата во Сирија, бидејќи едноставно нема да им дозволиме да бидат дел од таа реконструкција. Нам не ни треба Запад. Западот воопшто не е искрен, тие не даваат, тие само земаат”, рече Асад.

Претседателот на Сирија нагласи дека таа земја е изградена низ историјата без помош од страна и додаде дека било какви позјмици ќе бидат дозволени само од „пријателите”.

Асад рече дека Европа гледа во Сирија само како би ја спасила својата сопствена економија, за која вели дека се наоѓа во тешка ситуација.

„На нив им е потребен нов пазар, тие се во многу тешка ситуација од 2008, повеќето европски земји. На нив им требаат многу пазари, Сирија е една од нив, а ние нема да им дозволиме да бидат дел од овој пазар, многу едноставно”, порача Асад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here