Прославениот хрватски фудбалер Роберт Просинечки смета дека германскиот судија Феликс Брих стравично ја оштетил Србија на мечот против швајцарија.
Голема полемика се води во целиот свет заради недосудениот пенал во корист на репрезентацијата на Србија. Спорната ситуација се случи во 66. минута кога двајца играчи на Швајцарија со боречки зафат го фрлија на земја Александар Митровиќ, а судијата Брих наместо на белата точка покажа дека напаѓачот на Србија направил фаул во нападот.
Голема расправа за спорната ситуација се водеше и во емисијата на хрватската национална телевизија (ХРТ), каде гостуваа легендарниот фудбалер Роберт Просинечки и бившиот судија, а сега коментатор на судење, Матео Беусан.
Додека Беусан тврдеше дека Брих исправно постапил, Просинечки не се слагаше со таа констатација.
„Ова е чист пенал! Луѓе, двајца го влечат! Не направи тој прв фаул! Ова е два на еден, невозможно е да му суди контра фаул. Ма најдобро да не се ни движеше“, му говореше Просинечки на Беусан.