дома Балкан СНС Македонија со соопштение за новиот српски амбасадор во Македонија: Ги осудуваме...

СНС Македонија со соопштение за новиот српски амбасадор во Македонија: Ги осудуваме сите злонамерни критики кон новиот српски амбасадор

491
0
АКЦИЈА

По поводот веста која е негативно дочекана во некои провладини медиуми и кај некои политичари од албанска националност во Македонија и детските дискусии од поедини македонски партии кои се дел од коалицијата на власт, дека новиот српски амбасадор во Р. Македонија Г-дин Раде Булатовиќ може да биде ремтечки фактор во осносите помеѓу Македонија и Србија се навистина хушкачки и аматерски тези кои се пласирани злонамерно како би се нарушиле добрососедските односи помеѓу Србија и Македонија. Наместо да се градат добрососедски односи и почитување помеѓу соседите како што се залага и актуелниот премиер на Р. Македонија Зоран Заев некои маргинални политички субјекти на македонската политичка сцена се обидуваат со ова евтино да поентираат во очите на сите оние кои сакаат Македонија да ја вратат наназад.

Ние како Српска напредна странка во Македонија можеме само да му посакаме добредојде и успешна и плодотворна работа на нашиот нов амбасадор Г-дин Раде Булатовиќ.

Српска напредна странка во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here