дома Балкан Индепендент: Два меча суспензија за Џака и Шаќири?

Индепендент: Два меча суспензија за Џака и Шаќири?

542
0
АКЦИЈА

Гранит Џака и Ѓердан Шаќири би можеле да добијат два меча суспензија заради начинот на кој ги прославија головите на мечот против Србија, пишува британскиот “Индепендент”, неведувајќи дека ФИФА во саботата покренала дисциплинска постапка против двајцата репрезентативци на Швајцарија.

Спрема дисциплинскиот правилник на ФИФА, односно Членот 54 на тој акта, “секој кој ја провоцира јавноста во текот на мечот ќе биде суспендиран на два меча и казнет со 5.000 швајцарски франци казна”, пишува Индепендент.

Доколку ФИФА ги казни двајцата швајцарски репрезентативци, тие ќе го пропуштат последниот меч против Костарика, на кој Швајцарија, доколку Србија го победи Бразил, мора да триумфира доколку сака пласман во осмина финалето на Светското првенство во Русија.

Џака и Шаќири, прославувајќи ги головите против Србија, ги прекрстија дланките на двете раце правејќи на тој начин знакна албанскиот двоглав орел, после што одма уследи жалба од Фудбалскиот сојуз на Србија, ни и широка дебата во Швајцарија да ли е таков потег примерен на Светското првенство и за однесувањето на швајцарските репрезентативци.

Доколку добијат максимална казна, Шаќири и Џака, практично, ги завршија настапите на Светското првенство во Русија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here