Со 69 гласа „за“ и со 40 гласа „против“ парламентот донесе одлука Предлог законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција, да се донесе по скратена постапка. Одлуката наиде на неодобрување од опозицијата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со негодување од своите места и тропање по собраниските клупи.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа со тропање по собраниските клупи да го изразат своето негодување на што собранискиот спикер ги предупреди дека тоа не е според новиот кодекс на однесување кој од неодамна е усвоен во македонското собрание.
Потоа преатениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија собранието.