Тројца Албанци ја подигнаа грчката полиција на нозе, по бегството од притворската единица на полициската станица во Аргируполис, во Атина, пренесоа грчките медиуми.
Тие се уапсени заради сомнеж дека извршиле голем број на кражби на територијата на Грција, а од притворот избегале низ прозорецот на келијата, по што ги искршиле решетките, а потоа скокнале од 10 метри височина.