дома Балкан Златна зора повика на воен пуч во грција заради договорот со името

Златна зора повика на воен пуч во грција заради договорот со името

465
0
АКЦИЈА

Како што пренесува Независен весник во грчкиот паламент имало права драма кога претеникот на златна зора повикал на воен пуч во Грција против владата на премиерот Алексис Ципрас заради постигнатиот договор со Македонија за името. Златна зора е партија која е позната во Грција по радикалните десничарски ставови и уште ги сметаат за неофашисти.

Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент, додека по барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел од седницата.
– Бидејќи политичкото раководство на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за личен интерес, го повикувам военото раководство на земјата да ја почитува дадената заклетва и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, Панос Каменос и Прокопис Павлопулос за одвраќање на ова предавство. Вашите глави во Преспа. Вашите глави во Преспа, рече пратеникот од Златна зора на крајот од неговиот говор во парламентот и предизвика реакции кај претставниците на останатите партии, кои го осудија ставот на Барбарусис.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here