Иван Стоилковиќ претседател на ДПСМ :
“ ВО СКОПЈЕ СЕ СОБРАА СИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА СРПСКАТА ДРЖАВА И СРПСКАТА ВЛАСТ “
Во емисијата кај Ѓука на кафе која ја води Владимир Ѓукановиќ Ѓука пратеник на СНС во народната Скупштина на Србија гостуваше Иван Стоилковиќ претседателот на демократската партија на Србите во Македонија, која е во коалиција со опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на чиjа листа Столиковиќ стана и народен пратеник.
Познато е дека неговата ДПСМ е директна испостава на Вучиќавата СНС во Македонија, каде прелета по големата љубов со Борис Тадиќ.
Стоилковиќ е во емисијата наводно повикан да ги коментира актуелните случувања во Македонија по повод договорот со Грција за промена на уставното име, но водителот искористи дел од емисијата да го посвети на Драган.Ј .Вучичевиќ синдромот и спомене како е во Скопје формиран центар кој делува против Србија и српските власти со кои раководат криминалци од Србија во Скопје.
На таа негова констатација поставена како прашање Иван Стоилковиќ дословно одговори :
“ ВО СКОПЈЕ СЕ СОБРАА СИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА СРПСКАТА ДРЖАВА И СРПСКИТЕ ВЛАСТИ “ . И дека тие се примени кај властите на Македонија со најголеми државни почeсти.
Тој и покрај жестоките повици кои ги упатува на своите официјални страници кон како што тој вели макдонскиот народ и српскиот народ во Македонија за протести против промена на уставното име на Македонија, во емисијата рече дека тие како партија заземале неутрален став кон името и дека тоа им го препушта на македонците да си го решат самите.
ВЛАДИМИР ЃУКАНОВИЌ СНС : Во скопје е формиран центар кој делува против Србија и српските власти со кој раководат криминалци од Србија.
Пратеникот и водителот коментираше како тоа е многу очигледно бидејќи еден од советниците на премиерот на Македонија е сопственик на телевизија на која стално гостува Вук Јеремиќ претседателот на Народната странка а како наведува и синоќа од страна на Драгиша Милетиќ и во Владата на Македонија е примен Никола Сандуловиќ претседателот на опозиционата Републиканска странка.
Да се потсетиме дека режимскиот Информер неодамна објави на насловната страна дека ЦИА го руши Вучиќ од Скопје и дека уредникот и сопственикот на истиот таблоид на ТВ Пинк објаснуваше како лично ја разоткрил тајната операција на ЦИА.
Да ли стварно нешто се спрема во Србија од главниот град на Македонија или тоа се само трачеви или панични и параноични нагаѓања на СНС и нивните гласноговорници останува да се види во наредниот период.
Погледнете ја снимката од целата емисија :