Начинот на кој еден број граѓани протестираат заради цената на горивата, со блокада на сообраќајот и авто-патовите, загрозувајќи ја безбедноста и слободата на движење на сите други граѓани, недопуштлив е и е за секоја осуда, вели потпретседателката на Владата и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ.
“Блокадите на автомобилите во кои има бебиња, деца и старци, особено на големите горештини, ги загрозуваат животите на нашите граѓани и тоа нема никаква врска со протестите на граѓаните заради цената на горивата, туку со воведување на хаос во нашата земја”, рече министерката.