Знамиња на таканаречената хрватска република Херцег-Босна,од помали димензии, осамнаа во Мостар на сообраќајницата која ги поврзува тамошната авенија со новиот мост Авенија-Сутина.
Порталот bljesak.info наведува дека знамињата осамнале синоќа во Мостар и дека за сега не е познато кој ги поставил знамињата, ниту која е причината за поставување на знамињата на таа локација.