дома Србија Швајцарија: Повлечени српки маици заради Косово

Швајцарија: Повлечени српки маици заради Косово

498
0
АКЦИЈА

Како што пренесе српкиот Блиц, неколку дена во очи на Светското првенство, на кое ќе игра и репрезентацијата на Србија, се случи шокантен случај во една продавница на спортска опрема во Швајцарија заради маиците на Србија.

Еден женевски бутик пласирал маици во боите на српската тробојка, на левата страна со мапата на Србија со Косово и Метохија и српскиот грб во средина.

По поплаките на албанските муштерии кои биле чести потрошувачи во тој ланец на бутици, истакнувајќи дека се чуствуваат навредено бидејќи тие Косово го сметаат како независен дел на Србија, бутикот веднаш ги повлекол маиците од продажба.

Српските медиуми наведуваат дека ваквиот калкулантски потег на повлекување на маиците од страна на женевскиот бутик не треба да чуди бидејќи голем дел од албанската дијаспора живее во Швајцарија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here