дома Балкан Трет ден протести во Србија заради цената на горивото, обвинувања и препукувања...

Трет ден протести во Србија заради цената на горивото, обвинувања и препукувања меѓу власта и опозицијата

80
0
АКЦИЈА

Денес е веќе трет ден од протестите на возачите во Србија заради поскапувањето на горивто. Протестите се одржани на повеќе места во Србија, и во Белград. Граѓаните на Србија велат дека се незадовлни од поскапувањето и ќе протестираат додека не се првземе нешто.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека ова се политички протести во режија на опозицијата. Провладините медиуми веќе три недели наназад пишуваат како на Вучиќ му се спремаат протести и свргнување од власт преку уличен пат, односно преку масовни демонстрации, додека опозицијата го обвинува за за гушење на слободата на говорот во медиумите и за вреѓање на граѓаните во како што велат неговите во неконтролирани говори кои што често знаат да бидат навредливи кон оние што протестираат и кон неговите политички противници за што пред некое време претседателот на Народната странка на Србија Вук Јеремиќ поднесе тужба против Александар Вучиќ за навреди и клевети.

Александар Вучиќ: Што не излезете на улица па да се закачите на бандери

Претседателот Вучиќ денска изјави дека секој што сака да протестира е добродојден, само да не ги крши законите. Тој денс изјави дека протестот против поскапување на горивото е политички организиран и дека позади него стојат лидерите на опозициијата.

“јас ги молам нормалните луѓе да бидат трпеливи, никакво насилство во Србија не смее да има, ни малку не им се плашам”, рече Вучиќ.

Вучиќ запраша како тоа никој да не каже „Алал ти вера Вучиќ, имаме најниска цена на леб“ и како не кажат дека во Србија струјата е најевтина во Европа.

“Цената на струјата во Србија е 6,64 евроценти по киловат саат, најевтина после тоа е во Македонија 8,2 евроценти. Што не излезете на улица па да се закачите за бандери и кажете не сакаме веќе вака евтино да плаќаме. Лебот не е важен, струјата не е важна, важно е горивото и при тоа предавања ни држат оние кои го продадоа НИС”, рече Вучиќ.

Ѓилас: Така не се однесува претседател на држава

Иницијаторот за формирање на Сојузот за Србија Драган Ѓилас одговори на оптужбите од претседателот Александар Вучиќ дека позади протестите за поскапување на горивото стојат лидерите на опозицијата, го повикувам да ги намали акцизите наместо да ги вреѓа луѓето.

„Вучиќ, смали ги акцизите и застани со понатамошната кражба наместо што ги навредуваш сите кои ќе се осудат да протестираат против твојата политика. И престани да ги вреѓаш луѓето. Така не се однесува претседател на држава“, напиша Ѓилас на Твитер.

Нема најава дека протестите ќе престанат. Луѓето кои протестираат не се излезени со листа на конкретни барања иако е јасно дека нивниот протест е за намалување на цената на горивата. Неофицијално врањските гласила излегоа со тврдење дека полицијата ги запишувала таблиците на оние кои протестирале во тој град. Ова се први поголеми протести откако СНС е на власт во Србија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here