Властите во БиХ планираат да вратат припадници на таканаречената Исламска држава (IS) и членови на нивните семејства, пишува денеска Дневни Аваз, повикувајќи се на информации од Собирот на министри на таа земја.
Како што наведува, спрема информациите кои Собирот на министри на БиХ ги доставил до Прламентот во БиХ, постои план да се воспостави координационо тело за решавањтето на прашањето на враќање на терористичките борци и членовите на нивните семејства, жени и деца кои биле со нив од боиштата во Сирија,пренесува Хина.