дома Спорт Вујовиќ се отвори: Никогаш не ми било потешко, нејзината желба беше да...

Вујовиќ се отвори: Никогаш не ми било потешко, нејзината желба беше да победиме!

496
0
АКЦИЈА

Ракометарите на Словенија сакаат да изборат пласман на Светското првенство, но на селекторот Веселин Вујовиќ му се случи голема трагедија, почина неговата мајка. Пред мечот, Вујовиќ призна дека му е тешко, бидејќи нема да биде на нејзиниот погреб, но истовремено откри дека посакува да дојде до победа, бидејќи тоа било желба на неговата мајка.

„Не знам што да кажам. Ова е голем шок и многу тежок момент за мене. Денеска е нејзиниот погреб, јас постојано ќе мислам на неа, но морам да останам со екипата. Им кажав на играчите дека вакви работи се случуваат, тие се премногу тивки, не сакам сето ова да влијае на нив. Ќе ја задржам болката во себе, но сакам моите ракометари да дадат сè од себе и да бидат фокусирани кон мечот. Разговарав со мојата мајка неколку дена пред нејзината смрт и нејзината желба беше да победиме. Никогаш како претходно, не сум имал ваква мотивација. Најголема утеха ќе биде доколку моите играчи го добијат овој меч“, изјави Веселин Вујовиќ.

Превземено од Спортмедиа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here