дома Албанија Албанската опозиција против бегалски кампови во земјата

Албанската опозиција против бегалски кампови во земјата

475
0
АКЦИЈА

По информациите кои ги објавуваат медиумите, дека во Албанија ќе биде изграден голем камп за бегалци од блискоисточните земји, реагираше албанската опозиција произнесувајќи се дека е против тоа.

Отфрлајќи ја таквата идеја, лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, рече дека не се сомнева во можноста, албанската Влада да донесе одлука што би била „како бомбона за засладување на горчливата уста на Европа за скандалите со Тахири и Џафај“.

– Бев во постојана комуникација со нашите партнери, вклучувајќи го и австрискиот канцелар Себастијан Курц и други претставници на западните Влади во врска со ова прашање. Загриженоста околу Албанија и активирањето на т.н. балканска рута има врска со тоа дали Албанија е способна за оваа воена состојба, како и за корупцијата и криминалот. Тие сметаат дека не е можно да ja издржи таквата криза. Ние како опозиција сме посветени на давање свој придонес, а од друга страна, јасно ставивме до знаење дека, како и во борбата против недозволената трговија со дрога и со луѓе, разликата се должи на недостигот на политичка волја или едноставно постоење волја – изјави Баша.

Рагираше и третата по големина политичка сила во оваа земја, опозициското Движење за социјалистичка интеграција.

Координаторот на пратеничката група и партиски потпреседател Петрит Васили, смета дека на Албанија не и се потребни бегалци туку треба „Албанците повеќе де не заминуваат како бегалци низ светот“.

-Како бегалец нека си замине прмиерот, за Албанците да живеат и работат во нивната земја,бидеќи „каменот тежи на своето место“. Тешко со овие непријатели кои се на чело на Владата, кои ја сакаат Албанија без Албанци – напиша Васили на Фејсбук.

Австрија, Германија, Холандија и Данска му предложија на Брисел, како конечно решение за бегалците од Блискиот Исток, изградба на постојан камп за баратели на азил во некоја земја од Европа, но надвор од границите на Европската унија.

Пренесувајќи ја оваа вест албанските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори наведуваат дека еден од фаворитите за тоа е Албанија, додека дел од нив наведуваат дека во трка за „милионските суми од бегалците“ се Албанија и Украина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here