Полициско обезбедување за судијката Добрила Кацарска е одобрено веќе две недели на барање на Кривичниот суд, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Полицијата, како што посочи, работи на постапка за откривање кој и зошто ги прави заканите, но за тоа ќе информираат кога ќе има повеќе информации.
Кацарска инаку на јавноста и е позната како судијката која му ја изрече преудата на екс премиерот Никола Груевски во случајот “ТЕНК” и исто така на Екс помошникот министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски во иститот случај. За овој случај под оптужба е и поранешната министерка за внатрешни работи но поради ризичната бременост беше времено изземена од постапката.