дома Балкан Странските медиуми: Топ 23 Балкнаци од екс Југославија која доколку би постоела...

Странските медиуми: Топ 23 Балкнаци од екс Југославија која доколку би постоела би била претендет за освојување на Мундијалот

482
0
АКЦИЈА

Кога би постоела, репрезентацијата на Југославија сигурно би била еден од првите кандидати за освојување на Мундијалот во Русија.

Сепак, со обзир дека не постои, можеме само да погодуваме што би било кога би било, а со тоа малку се поиграа и странските медиуми.
Скоро секој пат пред некое големо натпреварување се прави идеален состав на бившата Југославија и се проценува до каде таа селекција би можела да стигне. Овој пат да се позанимава со тоа одлучи страницата Sportseeda.com.

Тие направија листа од 23 играчи кои би биле повикани за репрезентацијата на бившата Југославија за Светското првенство.

Листата од 23 играчи би се состоела од играчи од различни националности меѓу кои за жал нема ни еден од Македонија:

Голмани: Јан Облак (Словенија/Атлетико Мадрид), Данијел Субашиќ (Хрватска/Монако) и Асмир Беговиќ (БиХ/Борнемут),

Одбрана: Шиме Врсаљко (Хрватска/Атлетико Мадрид), Дејан Ловрен (Хрватска/Ливерпул), Стефан Савиќ (Црна Гора/Атлетико Мадрид), Бранислав Ивановиќ (Србија/Зенит Санкт Петерзбур), Матија Настасиќ (Србија/Шалке), Александар Коларовv (Србија/Рома) и Сеад Колашинац (БиХ/Арсенал)

Среден ред: Миралем Пјаниќ (БиХ/Јувентус), Иван Ракитиќ (Хрватска/Барселона), Матео Ковачиќ (Хрватска/реал Мадрид), Лука Модриќ (Хрватска/реал Мадрид), Марцело Божовиќ (Хрватска/Интер Милан), Немања Матиќ (Србија/Манчестер Јунајтед), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија/Лацио) и Душан Тадиќ (Србијаa/Саутемптон)

Напад: Един Џеко (БиХ/Рома), Иван перишиќ (Хрватска/Интер Милан),Марио Манџукиќ (Хрватска/Јувентус) и Стеван јоветиќ (Црна Гора/Монако)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here