дома Балкан Земјите од ЕУ договараат отварање на мигрантски кампови на Балканот

Земјите од ЕУ договараат отварање на мигрантски кампови на Балканот

477
0
АКЦИЈА

На Самитот во Софија лидерите на земјите членки на ЕУ разговарале за можноста за отворање мигрантски кампови во државите од балканскиот регион, со што би се спречиле бегалците и мигрантите да влегуваат на територијата на Унијата, објави во денениот број францускиот весник „Монд“.
Идејата, според весникот, потекнува од Данска и Австрија, две земи кои имаат европскептични и антимигрантски влади. На 5 јуни, данскиот премиер Ларс Локе Расмусен најави дека е во разговори со австрискиот колега Себастијан Курц, чија земја на 1 јули го презема претседавањато со Унијата, за создавање нов систем за азил во ЕУ, чија централна точка би било „отворање заеднички центри за прием и протерување“.

Со други зборови, објаснува „Монд“, тоа би биле еден вид кампови каде ќе се задржуваат мигрантите кои немаат право на азил, а не можат брзо да бидат вратени назад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here