дома Балкан Поделби во ЕУ и барања за вклучување во дијалогот помеѓу Белград и...

Поделби во ЕУ и барања за вклучување во дијалогот помеѓу Белград и Приштина

491
0
АКЦИЈА

Франција, Германија и Холандија бараат да се вклучат во дијалогот за Косово и Метохија, како “асистенти” на високата претсавничка Федерика Могерини, како би го наметнале своето решение и како целиот процес би го завршиле до крајот на годината, пишуваат “Вечерњи новости”, повикувајќи се на дипломатски извори.

Соговорниците на Новости неведуваат дека ова престројување е зајакнато баш во очи на финалната фаза на разговорите помеѓу Белград и Приштина.

Во ЕУ постојат повеќе поделби околу косовскиот проблем и неговото решавања. Едните се предводени од Шпанија која не го признава Косово и неколку членки на Вишеградската група и Кипар, кои исто така сакаат да се вклучат во преговорите околу овој проблем обвинувајќи ја ЕУ дека разговорите не се доволно транспарентни, а другата група е предводена од Германија која го признава Косово и бара убрзување на решението за проблемот помеѓу Белград и Приштина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here