Приштина – Дежурниот лекар во хитната помош Марјан Мадиќ изјави за РТК2 дека синоќа околу 20.20 часот торјцата повредени од Старо Грацко на Косово и Метохија донесени се со свое возило во службата на хитната медицинска помош во Лапје Село.
Спрема нивните наводи, претходно дошло до конфликт меѓу младите во Старо Грацко…
Тројца Срби од Старо Грацко, повредени во средата вечерта во судир со Албанците и во текот на интервенцијата на полицијата, превезени се во Лапје Село каде што им е укажана лекарска помош.
Сите повредени, меѓу кои и едно бебе, се од семејството Матовиќ, јавува РТС и додава дека полицијата по инцидентот привела еден Албанец и еден Србин.
Во Старо Грацко нападнати деца од српска националност
Во Старо Грацко, на Косово и Метохија, синоќа околу 20 часот, групата српски деца од помлада возраст, на селското игралиште ги нападнала група Албанци, јавува приштинската РТК2, повикувајќи се на сведочењето на мештаните.
Како се наведува, мештаните се обиделе да ги одбранат децата и во општиот метеж кој настанал повредени се жена и шест месечно бебе од српска националност.
Јевтиќ: Нападот над деца во Старо Грацко опасна провокација
Синоќешниот инцидент во Старо Грацко, каде на селското игралиште, лиокалните Албанци нападнаа деца од помлада возраст, претставува опасна провокација, оцени потпретседателот на косовската влада и министер на задницата за враќање на раселените, Далибор Јевтиќ.
Тој наведе дека е уште полошо тоа што во општиот метеж кој настанал во обидот да се одбранат децата, во рацете на мајката повредено е и шетмесечно бебе, соопштено е од кабинетот на министерот Јевтиќ