дома Балкан Екслузивно: По хајката на таблоидот Информер за Бобан Јовановиќ, добива закани за...

Екслузивно: По хајката на таблоидот Информер за Бобан Јовановиќ, добива закани за смрт.

540
0
АКЦИЈА

Бобан Јовановиќ амбасадорот на добрата воља при Обединетите Нации и претсавникот на меѓународната организација Агенција за цивилна одбрана со седиште во Женева кој неодамна беше обвинет од таблоидот Информер за конспиративни дејствија кон раководството на Србија, поточно кон претседателот на Србија Александар Вучиќ, за Балкански глас на вистината екслузивно проговори за она што се случува после текстот во кој е обвинет како еден од организаторите за наводното свргнување на српските власти и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Јовановиќ за Балкански глас на вистината вели дека по обвинувањата во таблоидот Информер добил закани по живот од непознати броеви со префиксот на Косово.

Тој вели: Се јавија неколку пати со зборовите “заборави го Вучиќ инаку ќе поминеш исто како Оливер Ивановиќ”.

Јовановиќ наведува, дека гласот на оној кој се заканувал со смрт од телефонски број со префикс на Косово, говорел на чист спски јазик а не албански, што можеби за некои е изненадување а за некои не.

Бобан Јовановиќ вели дека не чуствува страв но дека сепак не е пријатно сето она што му се случува по објавувањето на текстот во Информер.

Бобан Јовановиќ е советник на Никола Сандуловиќ претседателот на Републиканската странка на Србија, а од неодамна назначен за советник на Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна странка во Македонија, која вест Балкански глас на вистината екслузивно ја објави.

По повод сета оваа ситуација се огласи и претседателот на Републиканската странка на Србија Никола Сандуловиќ преку соопштение за јавноста.

Во соопштението кое ви го пренесуваме во целост се вели:

Го обавестувам Републиканското членство како и цела Србија дека ноќеска по кој знае кој пат Александар Вучиќ си даде себе за право преку својата криминална организација која е стационирана на Косово, да му се заканува со смрт на висок функционер на Републиканската странка и членот на претседателството Бобан јовановиќ.

Бобан Јовановиќ на пошироката јавност на Србија и е познат како човек кој наводно организирал состанок во Македонија како би го срушил криминалниот режим на Александар Вучиќ.
Тоа се по кој знае кој пат спинувани невистини на извитопререниот Вучиќевиќ и на неговиот газда Вучиќ.

Она што ме натера мене и Републиканската странка да се огласиме и јавно осудиме ова, се сознанијата кои ноќеска ги добивме од нашиот функционер, и претставник за дијаспората ширум светот Бобан Јовановиќ, дека ноќеска му се заканувале во име на Александар Вучиќ.

Заканата гласела дека доколку го спомене името на Александар Вучиќ, ќе помине исто како Оливер Ивановиќ !!!

Републиканската странка нема да дозволи никакви закани со смрт на нашиот функционер. Ние ги превземавме сите мери на заштита и донесовме одлука да се спротивставиме политички и ако треба и физички на еден обичен криминалец кој на себе си даде премногу право!

Ја повикувам цела Србија да се организираме и кажеме едно конечно НЕ на болниот и изопачен ум кој секојдневно се заканува, и ја понижува и брука нашата земја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here