Сопственикот на белградската кафана “Чукарички сон” дошол до оргинална идеја на маса да ја постави скулптурата од претседателот на Србија и претседателот на Српската напредна странка Александар Вучиќ, пишува Данас.
“Никаква провокација не е во прашање. Идајата скулптурата на претседателот да ја поставам беше од маркетиншка природа. И се покажа како чист погодок”, вели Звездан Пејовиќ, сопственик на кафаната “Чукарички сон”, каде на чело на централната маса седи Александар Вучиќ, од гипс.
Пејовиќ не го рекламирал својот објект, но сликите на гостите гушнати со претседателот заживеаа на друштвените мрежи, па за оваа кафана на големо се зборува во Белград, а и пошироко.
“Реакциите на гостите кога ќе го видат се поделени како и мислењата за него. Некои се одушевуваат и притчуваат да го гушнат и избацуваат, други лутито ќе плукнат по подот кога ќе го здогледаат”, раскажува Пејовиќ. Тој ја прераскажува згодата кога во кафаната влегле двајца напредњаци и видувајќи го Вучиќ застанале во став мирно среде кафаната.
“Дури кога дојдоа при себе и видоа дека е во прашање скулптура, ми рекоа, ама не одсече. Мислевме дека е стварно командантот”, наведува Пејовиќ.
Тој додава дека има и такви кои му ставаат рогови, а девојките често му седнуваат во скут како би се сликале со него.
“Тоа не е дозволено. Го сакале или не го сакале Вучиќ, функцијата на претседател мора да се почитува”, вели Пејовиќ а пренесува листот Данас.