дома Балкан Македонија и ЕУ не смеат да ја пропуштат сегашната шанса, порача Шекеринска

Македонија и ЕУ не смеат да ја пропуштат сегашната шанса, порача Шекеринска

517
0
АКЦИЈА

Македонија и ЕУ не смеат да ја пропуштат сегашната шанса, порача заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во Париз, каде учествува на годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни работи чија цел е креирање насоки за справување со предизвиците во европската надворешна политика.

„Сега е моментот кога треба да се дејствува бидејќи ако сега се пропушти можноста, тоа ќе значи уште една изгубена декада и тоа не само за регионот туку и за Европа“, рече таа.

Во врска со спорот за името Шекеринска изјави дека двајцата министри дојдоа до извесна рамка за компромис и дека Владата е цврсто решена да не бега од овој проблем.

„Верувавме дека решавањето на проблемите дома и со соседите е најкусиот пат до почнување на преговори за членство во Европската Унија и во НАТО. Кога првпат застанавме на ЕУ патеката слушнавме дека Европската комисија и Европската Унија се строги, но фер. Но она што го гледаме денеска е дека Европската комисија и Европската Унија се строги, но полни со сомневања“, посочи министерката Шекеринска.

„Македонија не може да ја пропушти оваа можност, но се надевам дека и ЕУ нема да ја пропушти оваа можност. Статус-квото никогаш не е опција за Западен Балкан. Или ќе одиме напред или ќе се вртиме во круг со истите проблеми“, додаде таа.

Министерката додаде дека Владата во изминатата нецела година постигна напредок во сите три клучни области: медиумските слободи, реформи во разузнавачкиот сектор и следење на комуникациите, владеење на правото и справување со корупцијата. Таа посочи дека Европската комисија го нотираше овој напредок и виде дека во земјата има политичко водство кое сака да прекине со минатото.

На панелот посветен на Западниот Балкан покрај министерката Шекеринска, зборуваа и Михаел Рот, државен министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Шекеринска е прв политичар од Македонија која доби покана да биде член од оваа влијателна европска тинк-тенк организација.

Превземено од МАКСФАКС

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here