дома Балкан Ново дивеење на Албанците на КиМ

Ново дивеење на Албанците на КиМ

454
0
АКЦИЈА

Тројца Срби се повредени во косовското село Петрич, откако се нашле на удар на албанските жители, пренесуваат Радио Гораждевац и КоССев.

Група Албанци кои претходно биле растерани од косовската полиција, повторно се собрала и опколила група раселени Срби кои некако успеале да стигнат до црквата Света Тројца во место недалеку од местото Клина, иако Албанците за време на утрото им го блокирале патот.

Србите кои се наоѓале во дворот, но и во внатрешноста на црквата биле опколени од сите страни.

Радио Гораждевац пренесува дека еден Србин е уапсен поради обвинение за воени злосторства од 1999. година.

-Албанците се собраа и ги опколија Србите, гаѓајќи на нив и извикувајќи погрди пароли, објави Радио Гораждевац.

Групата раселени од селото Петрич се вратила за да ги посети остатоците од изрушената црква и селските гробишта, но и да го одбележи празникот Света Тројца.

Црквата се наоѓа на патот Печ-Приштина и е изградена во 1992.

Извор Kurir

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here