дома Балкан Ерјавец: Словенија не планира Уставно признавање на нови малцинства

Ерјавец: Словенија не планира Уставно признавање на нови малцинства

478
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец изјави синоќа дека Словенија не планира промена на Уставот која би овозможила припадниците на другите етнички групи, освен Италијаните и Унгарците, да добијат статус на национално малцинство.

“За сега не планираме никакви промени со кои во Уставот покрај италијанскато и унгарскато, би внеле уште некое друго малцинство”, рече Ерјавец по повод резолуцијата на австрискиот парламент со која минатата недела на австриското Министерство за надворешни работи му беше наложено во разговорите со Љубљана да се завземе за признавање на заедницата на словенечки државјани на кои германскиот им е мајчин јазик, пренесува Хина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here