дома Живот Русинот Абрамович има проблеми со вадење на нова виза во Велика Британија

Русинот Абрамович има проблеми со вадење на нова виза во Велика Британија

603
0
АКЦИЈА

Британската виза на Роман Абрамович истече пред три недели, а нова не му е издадена, пишува британското издание на „Бел“, повикувајќи се на свои извори.

Спрема информациите на британскиот лист, рускиот бизнисмен не добил официјално соопштение дека му се ускратува новата виза за Велика Британија. како е речено, властите продолжуваат да ги разгледуваат документите кои ги поднел.

Нему визата не му е продолжена првпат од 2003. година, кога го купи фудбалскиот клуб Челси, по што поминуваше многу време во Лондон.

Заради проблемите со визата Роман Абрамович вчера не присуствуваше на финалниот меч на Купот на Англија, во кој неговиот Челси го совлада Манчестер Јунајтед.

Тој поседува имот во Велика Британија во вредност од повеќе стотини милиони долари и е еден од најбогатите жители на Велика Британија. Вкупното богатство на Абрамович се проценува на 12,5 милијарди долари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here