Претседателот на Странката демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ потврди дека потпретседателот на таа партија Денис Звиздиќ, актуелен претседавачки на советот на министри на БиХ, се откажал од кандидатурата за претседателството на БиХ, изразувајќи разочарување заради одлуката на Звиздиќ.
Фана наведува дека до таквата одлука на Звиздиќ дошло по што претседателството на СДА на денешната седница одлучило дека кандидатот за Претседателството на БиХ ќе го бира со поединечно тајно гласање на конвенцијата на партијата планирана на 26. мај.