Претседателот на Српската напредна странка во Македонија Драгиша Милетиќ го именуваше денес за свој специјален советник за меѓународна сорабтка и контакти Бобан Јовановиќ кој е член на повеќе меѓународни организации и Амбасадор на добра воља за целите на одржливиот развој на Обединетите Нации.
Јовановиќ е представник на Агенцијата на меѓународна организација за цивилна одбрана со седиште во Женева за земјите на Балканот а ја обавувал должноста амбасадор за дијаспора на Р. Србија до 2015 во Република Малта.
.
Оваа соработка се однесува на поврзување на меѓународните контакти со цел за привлекување на инвестиции во Македонија како и подршка на националните малцинства во Република Македонија за што е Милетиќ и советник на премиерот на Македонија.
Бобан Јовановиќ бил дописник за листовите “Блиц”, “Вечерни Новоси” но работел и за “Радио Слободна Европа” и “Радио Белград” а за листовите “Курир” и “Сведок” известувал од Скопје 2004-2005 година.