БРИКС е против воведување на едностраните санкции на САД против Иран, а таа тема ќе биде една од главните на претсојната министерска средба на земјите-членки на таа група во Јужна Африка, изјави началникот на оделението на Министерството за надворешни работи на БРИКС Михаил Калугин.
Како наведе, сите тие земји имаат прилично развиен однос со Иран и баш од таа причина се залагаат против воведување на тие ограничувачки мерки.
„БРИКС ги застапува ставовите на немешење во внатрешните прашања на земјите и е против воведување на контрапродуктивни санкции. инсистираме на правото на сите тие нации да развиваат и градат односи со оние земји со кои сакаат“, оцени Калугин.
Тој додаде дека БРИКС ќе продолжи да развива односи со Иран и покрај санкциите на Америка.