дома Балкан Бурно во хрватскиот Сабор, опозицијата бара оставка на Пленковиќ

Бурно во хрватскиот Сабор, опозицијата бара оставка на Пленковиќ

478
0
АКЦИЈА

Седницата на хрватскиот Сабор денеска почна бурно, по скандалот со мејловите и оставката на птпретседателката на владата, Мартина Далиќ заради Лекс Агрогор, а лидерот на највлијателната опозициона партија СДП, Давор Бернардиќ прв се јави за збор оценувајќи дека ова е вонредна соостојба и дека затоа треба да се распушти Саборот.

“Андреј Пленковиќ се знаел, тоа е злоупотреба на овластувањата по кривичниот закон. Овој пат нема да помине обидот за купување на време и заобиколување на темата. Хрватска не смее да биде заложник на еден човек. Се поставува прашањето каде се изгубила политичката одговорност на сите вас кога гласавте за оставката на Мартина Далиќ. Ако мораше прексиноќа да отиде, се прашуваме со право зошто државното обвинителство не истражува”, рече бернардиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here