САД и западните земји му доставиле план за решение на Косовскиот проблем на претседателот на Србија Александар Вучиќ, пишува “Блиц” и наведува дека планот е подобар по Србија од сите поранешни, но и дека понатаму не е прифатлив за Вучиќ.
“САД и западните земји ги доставија своите начела и принципи, но за нас тоа не е доволно добро. Не можеме да добиеме ни една општина, ЗСО ќе добие статут, но не се знае кој статут ќе го има”, рече неименуван извор на “Блиц”, за кој листот наведува дека е “запознаен со деталите на предлогот”