дома Балкан Заев: Сакам решение, но не по секоја цена

Заев: Сакам решение, но не по секоја цена

589
0
АКЦИЈА

Сакам договор за спорот за името поради иднината на граѓаните, но не можам да кажам дека го имаме. Успехот кој досега е постигнат е за почит, на маргините на ЕУ самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во Софија со Ципрас ќе можеме барем да ги потврдиме досегашните успеси и да ги повториме насоките за решение, овој самит не е краен рок за решение, изјави премиерот Зоран Заев.
Тој истакна дека има црвена линија во преговорите со Грција и не би се согласил на решение по секоја цена, па со оглед на тоа решението може да биде одложено за после самитот.

„Самитот на НАТО алијансата се одржува во јули, но тоа не е врзано со правното формализирање на нашето членство. Со постигнување на договор со Грција автоматски започнува влезот во алијасната и ратификација во парламентите. Не прифаќаме решение по секоја цена и имаме црвени линии, па со оглед на тоа решението може да дојде и подоцна“, рече Заев и додаде дека не е крај на светот ако нема решение за името во јуни.

Превземено од IPORTAL

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here