Ендру Паркер за односите помеѓу Британија и ЕУ ќе говори во Берлин, на собирот на германската разузнавачка служба БФВ, а во тој говор увид имаше Ројтерс.
Спрема неговите зборови, припадниците на ИД планираат “разорни и сложени напади”.
“Европската разузнавачка соработка денс е едноставно непрепознатлива во однос на она како изгледала пред пет години”, рече Паркер.
Паркер ја пофали групата за борба против тероризам (ЦТГ) во која освен 28 земји членки на ЕУ се наоѓаат и Швајцарија и Норвешка и во која разменуваат разузнавачки податоци.
Во својот говор, тој ја назначи Русија како непријателска држава која се обидува да спроведе “агресивни и штетни акциии” со помош на својата војска и разузнавачките служби.
како се наведува, Британија бара нов безбедносен договор со ЕУ како би осигурала континуиран пристап до тајните информации од главните земји на ЕУ после Брегзитот.