дома Свет Газа плива во крв: Жестоки судири заради американската амбасада, се бројат мртвите...

Газа плива во крв: Жестоки судири заради американската амбасада, се бројат мртвите (фото)

478
0
АКЦИЈА

Израелските сили убија најмалку 28, а беа повредени повеќе од 1.600 Палестинци во појасот Газа, каде што денес во пресрет на отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим се одржа голем протест на Палестинците.

Ројтерс објави дека демонстрантите се собраа по должината на границата, на врвот од шест неделните протести против блокадата на границите и отварањето на Амбасадата на САД во Ерусалим.

Според сведоците, израелските сили пукале солзавец кон демонстрантите кои биле сместени во шатори во близина на граничната ограда.

Израелската армија соопшти дека воспоставила неколку безбедносни линии на границата во појасот Газа, ако Палестинците успеат да ја пробијат оградата.

Потполковникот Џонатан Корникус рече дека израелските сили се “многу засилени” по должината на првата линија на граничната ограда, и дека дополнителни линиии на одбрана се стационирани во рамките на израелските општинини и помеѓу нив, со цел да се одбранат цивили во случај на кршење на оградата, пренесува АП.

“Дури и ако оградата е срушена, ќе можеме да ги заштитиме израелските цивили од киднапирање или масакр”, рече Конрикус.

Палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со појасот Газа, од 2005 година, изјави дека очекува да се приклучат на маршот денес десетици илјади луѓе, што укажува дека можно е дека ќе има пробив по граничната ограда.

Протестот е дел од кампањата или уривање на израелската блокада на Појасот Газа, која траеше 11 години, но и протест против денешното отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим.

Палестинците силно се противат на ова, бидејќи Источен Ерусалим се смета за главен град на нивната идна држава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here