дома Балкан Во новата книга на Легија (Во тигрово гнездо) може да се прочитаат...

Во новата книга на Легија (Во тигрово гнездо) може да се прочитаат многу детали за Аркан. Еве некои од нив.

451
0
АКЦИЈА

Српска доброволна гарда (СДГ) на Жељко Ражњатовиќ Аркан постои и денес, тврди Милорад Улемек легија.

Српската доброволна гарда (СДГ) На Жељко Ражњатовиќ Аркан, која деведесетите учествуваше во борбите на жариштата во БиХ и Хрватска,постои и ден-денес, тврди Милорад Улемек Легија, но не открива со што таа војна формација се занимава. Исто така тврди и дека Аркан куќата на Дедиње ја добил на покер! Аркан дојде до идеја за основање на Гарда кога виде како Шешељ и Вук се моткаат околу навивачите, Легија тоа го откри во новата книга „Во тигровото гнездо“, во кое го опишува врфемето поминато во Аркановата гарда, која, како тврди, била дел од југословенската народна армија (ЈНА). Истакнува дека се „навистина смешни тврдењата“ дека „тигрите“, како се наречени припадниците на Гардата, во војна оделе да пљачкосуваат фрижидери, шпорети и видео-рекордери.

Кој ги направи

Не е тачно дека гардата ја основаа криминалци. нејзе ја основаа српски патриоти кои не се жалеа себеси да застанат во одбрана на српскиот народ. И ден-денес спрема Гардата се чини неправда така што се нарекува паравојна формација. Тоа не е тачно. Од своето појавување во Вуковарското жариште, Гардата е ставена под команда на тогашна ЈНА, а подоцна под командата на српската војска на Краина – наведува Легија и додава: – На идејата за основање на гардата Аркан дојде кога виде како резни ликови како Шешељ и Вук се мафтаат межу навивачите, обидувајќи се да ги привлечат во своите партии. Аркан мислеше дека ако веќе треба да се направи нешто за угрозениот српски народ, тогаш тоа треба да биде конкретно, а не да се оди по коекакви митинзи и да се ждере јагнетина.

Улемек пишува дека во гардата владеело единство и вера. – Многу ни тогаш, во време кога гардата постоеше, мада таа и денес делимично постои, не знаат какво другарство и единство владееше во неа. Затоа тврдењата дека таа била некое друштво на пропалици кои само сакале да се тргнат од рацете на законот и дека таму дошле како би пљачкале и убивале ги вреѓа сите мртви и живи и не се точни – напиша тој.

Легија: Ликот против кого Аркан играше покер остана без пари и ја даде куќата во Љутица Богдан во залог

Легија открива и како Аркан дојде до куќата на Дедиње, која своевремено беше штаб на кгардата. Иначе, Аркан на тоа место во средината на деведесетите изгради нова, велелепна вила во која и денес живее неговото семејство.

Се зборуваше тогаш низ градот дека таа куќа ја добил на една маратонска партија покер. Ликот против кого играше остана без пари и, мислејќи дека може да се извади, ја даде куќата во залог. Прославата во Ердут првата средба на Цеца и Аркан. Легија во книгата открива дека Аркан и Цеца првпат се сретнале на прославата на гардата воu Ердут, каде што бил центарот за тие формации:

Дојде многу свет. Сите оние кои беа почитувачи и симпатизери на Гардата. На сред центар беше поставен огромен шатор каде што сите повикани и гости беа сместени. беа присутни многу пеачи. Секако, Џeј беше главен за организацијата на забавата. Беа и разни пеачи на народна музика и тогаш Цеца првпат се сретна со командантот. Многу од нас тогаш не знаеа која е таа. Знам дека се појави едно слабичко девојченце со кратко ишишана коса и дека стално се смееше.

Акановиот принцип

Им даваше мито на Унпрофорците

Акран не се двоумеше да ги подмити припадниците на Унпрофор, кои вбо текот на војната во деведесетите контролираа мнгу премини помеѓу Србија и Боснаe. – Никој не е имун на Пари. Им се Е*е на нив за нас овде, тоа им е плата за околу два месеци. Никој не одбива таква понуда – ги пренесе Легија во книгата Аркановите зборови по што на странците им дал кеса со 100.000 марки како Гардата би била пуштена праку Дрина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here