дома Балкан Струмичанец нападнат од група со која бил Митко Чавков, потврди МВР

Струмичанец нападнат од група со која бил Митко Чавков, потврди МВР

512
0
АКЦИЈА

МВР го потврди настанот во кој струмичанец синоќа пријавил дека бил нападнат од четири лица, кои биле заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков во ресторанот „Подгорски ан“ кај селото Габрово.
Според МВР, вчера во 18:40 часот во Полициското одделение Ново Село, В.С. (44) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 18 часот бил физички нападнат од четири лица во угостителски објект во село Габрово.

– Во угостителскиот објект тој бил во друштво на двајца пријатели, а во моментот кога извадил телефон и почнале да се сликаат, бил нападнат од неколку лица кои седеле на соседната маса (Г.Б., В.Т., В.Е. и В.А.) кои физички го нападнале и му го одзеле телефонот. Тие го удирале со раце во пределот на главата и грбот и побарале да им ја каже лозинката на телефонот. По кратко време, од летната тераса на објектот го внеле внатре и потворно му се заканувале и го удирале. Откако им ја кажал лозинката го пуштиле да излезе надвор, а набргу потоа си заминале. Пред да заминат, кај В.С. дошол и М.Ч., кој седел на истата маса со напаѓачите, и го прашал што има против него, информира полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23 минатиот месец Кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата во недвижен имот на поранешниот министер Чавков и му ја укина мерката притвор. Притоа му беше одземена патната исправа и тој има обврска еднаш неделно да се јавува во судот

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here