дома Балкан Дрецун: Оптужници против ОВК нема да има уште година дена

Дрецун: Оптужници против ОВК нема да има уште година дена

257
0
АКЦИЈА

Претседателот на одборот на скупштината на Србија за косово и Метохија Милован Дрецун смета дека новоименуваниот обвинител на Судот за злосторствата на таканаречената ОВК Џек Смит ќе го добие бараниот период од година дена да се упознае со процедурата и предметите, што значи дека пред истекот на тој рок нема да има први оптужници.

“Нема дилеми дека тој ќе го добие тој период, што значи дека нема да имаме први оптужници пред истекот на тој рок. Уште не знаеме кој ќе биде во неговиот тим и да ли претходниот тим ќе продолжи да работи со него што би било добро затоа што тие се запознаени со целата проблематика”, рече Дрецун за РТС.

Дрецун смета дека е невозможно претседателот на Косово Хашим Тачи, кој се споменува во извештајот на Дик Марти за злосторствата на ОВК и трговина со човечки органи, да избегне да се најде на оптужницата.

“Имајќи во вид дека Дик Марти ја индетификува Дреничката група која ја предводи Тачи и дека ќе се подигнат оптужби на основа на командна одговорност, тогаш е невозможно Тачи да избегне да се најде на оптужницата, освен ако не биде толку силен политички притисок на некои држави тоа да го издејствува”, рече Дрецун.

Тој напомена дека спремноста на бившиот обвинител Дејвид Швендимен била евидентна, затоа што не сакал да прави отстапки и можеби затоа си отишол од тоа место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here