Виктор Орбан, кого новиот унгарски парламент синоќа го реизбра на функцијата премиер, порача по полагањето на заклетвата дека Европска унија и е потребна на Унгарија, и обратно, но истакна дека ЕУ би требала да се оттргне од “кошмарното сценарио на соединети европски држави”.
Орбан, во обраќањето на парламентот, рече и дека ерата на либералната демократија е завршена и дека неговата нова влада ќе гради христијанска демократија”, пренесува Ројтерс, со оценка дека тој изнел контраварзна визија за својата земја.