дома Балкан Заев: Нема несогласувања меѓу Шекеринска и Димитров

Заев: Нема несогласувања меѓу Шекеринска и Димитров

550
0
АКЦИЈА

Меѓу министерката за одбрана и потпретседателка на Владата Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров нема никакви несогласувања. Се работи за двајца колеги во Владата меѓу кои има доверба и одлична соработка, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со повикувањето на амбасадорот Васко Наумовски на консултации во Скопје излегува на виделина несогласувањето меѓу двајцата министри.
– Веројатно некогаш кога некој го кажува своето мислење за одредени работи, тоа не значи дека постои резерва во соработката. Ние сме само транспарентни и секогаш отворено зборуваме за нашите очекувања, чувства и надежи. Довербата е голема, а повикувањето на амбасадорот Наумовски на консултација е работа на министерот. Тој ги знае сите детали како и што треба да се постапува, рече Заев.

Додаде дека лично не се согласува со избрзаните реакции во одредени изјави на амбасадорот заради тоа што мора сите да водиме грижа и да му се даде шанса на процесот за решавање на спорот со името.

– Тој беше на консултации овде и се усогласивме за стратегискиот пристап на нашата земја кој секој на различни нивоа го претставува, но едно сигурно усогласивме – мораме да бидеме внимателни, а не може да бидеме дивергентни и спротивни во изјавите, дури и недозволиво сензитивни ако тоа целосно го урниса процесот за кој граѓаните, ние како власт и опозиција, вложуваме толку напори за конечно да се најде решение, нагласи премиерот Заев.

Според него, министерот Димитров е професионалец и верува дека ќе постапи онака како што е најдобро за државата.

превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here