дома Балкан На претседателот на Романија новчана казна за вреѓање на политичари

На претседателот на Романија новчана казна за вреѓање на политичари

547
0

Романскиот Национален совет за борба против дискриминација новчано го казни претседателот на Романија Клаус Јоханис затоа што политичарите оптужени за корупција ги нарекол “престапници”.

“Употребата на тој збор претставува дикриминација и кршење на правото на достоинство кое го уживаат особите против кои судиската постапка е во тек, а кои не се осудени”, соопшти Управниот одбор на Националниот совет, пренесува денес романската агенција Ајерпрес.