дома Свет Прослава како од вицовите на балкански начин во Берлин: Луѓе по потекло...

Прослава како од вицовите на балкански начин во Берлин: Луѓе по потекло од Босна вртеле 12 јагњиња на ражен во парк во сред Берлин

186
0
АКЦИЈА

Спрема исказот од полицијата, повикот на еден од загрижените граѓани гласел отприлика вака: ‘Ве молам дојдете во Volkspark Friedrichshain – Неколку луѓе небиле цели овци без кожа – на ражен.

Минатата недела, полицајците во Берлин повикани се, за нивни појмови, на прилично необична интервенција. Во паркотu Volkspark Friedrichshain се собрале околу 150 луѓе и на 12 ражени печеле јагниња.

Се чини дека глетката која ја дочекала германската полиција во паркот веројатно ги шокирала повеќе од содржината на самиот повик – 12 ражни со јагњиња кои цврчеле на огнот. Околу нив насобрано околу 150 луѓе, меѓу кои имало и деца кои се играле опасно блиску околу зажештените ражени, приклучени на автомобилски акумулатори.

Полицијата првенствено имала примедби заради жарот на сувата трева и автомобилските акумулатори во паркот. Спрема полициската евиденција, поголемиот дел од 150 присутни се по потекло од Босна и Херцеговина,пишува Билд. Берлинските дневници, меѓу кои и Берлинер Моргенпост, пишуваат дека се работи за особи со германски, босанскохерцеговачки и хрватски државјанства.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here